Легендарниот дрес на Чикаго е на второ место, а кој е најубав дрес во историјата на НБА?

Дресот на Торонто репторс од сезоната 1998/99 е избран за најубав во историјата на НБА-лигата.

Победникот е избран во гласање на европските навивачи и панел-листа. Една недела траеше гласањето во кое дресот на Торонто од сезоната 1998/99 доби 18,8 отсто од гласовите, а дресот на легендарната генерација на Чикаго од сезоната 1995/96 доби 14,1 отсто од гласовите.

Гласовите на фановите сочинуваа 50 отсто од гласовите, а останатите 50 отсто од гласовите ги одреди панелот.

КОНЕЧЕН ПОРЕДОК ВО ГЛАСАЊЕТО:

Торонто репторс – сезона 1998/99 (18,8 оотсто)

Чикаго булс – сезона 1995/96 (14,1 %)

Филаделфија – сезона 2000/01 (12,8%)

ЛА лејкерс – сезона 1996/97 (10,4 %)

Бостон селтикс – сезона 1985/86 (9,3 %)

Во следниот период ќе се избира и најдобра и втора најдобра петорка од европски кошаркари кои играле во НБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести