Легендарниот дрес на Мајкл Џордан продаден за 216.000 долари

Да се има каков било сувенир кој некогаш му припаѓал на легендарниот Мајкл Џордан е чест за секој кошаркарски навивач. Посебна привилегија е да се има дресот со кој Џордан играше на Летните олимписки игри во Барселона во 1992 година, кога селекцијата на САД стигна до златниот медал во Барселона.

Токму тој дрес, и тоа со потпис од самиот Џордан, пред две недели беше ставен на аукција. Почетната цена на дресот изнесуваше 25.000 долари, а синоќа аукцијата е завршена и дресот е продаден за 216.000 долари.

„Мајкл Џордан е најголема спортска икона на сите времиња. Колекционерите имаа ретка шанса да го добијат дресот кој Џордан го носел додека настапувал за најсилната екипа која некогаш се појавила во светот на кошарката“, изјави Брајан Дајер, кој е претседател на „Роберт Едвард“, аукциската куќа која ја организираше продажбата на дресот.

Аукцијата на дресот на Џордан доаѓа во исто време кога се случи и промоцијата на документарниот филм посветен за Џордан под името „Последниот танц“. Во овој филм се зборува за трофејната генерација на Чикаго Булс, која во периодот од 1991 до 1998 година освои дури шест шампионски трофеи во НБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести