Легендарниот дрес на Марадона по 36 години се врати таму каде што му е местото – во Аргентина

Дресот кој го носеше Диего Армандо Марадона во финалето на Светскотото првенство во Мексико 1986 година, кога со 3:2 ја совлада Германија, по цели 36 години конечно се наоѓа таму каде што му е местото, во татковината на легендарниот фудбалер.

Поранешниот германски репрезентативец Лотар Матеус, кој на полувремето од финалето што се играше на стадионот „Ацтека“, ги размени дресовите со Марадона, ја подари легендарната Десетка на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА).

Матеус уште во август годинава на свечена церемонија во аргентинската амбасада во Мадрид го подари дресот на Марадона, но тој до неделава беше изложен во Музејот на фудбалската историја во шпанскиот главен град, пред да се врати во Аргентина.

„Диего е Бог во Аргентина и затоа е е посебно чувството да му се подари дресот на аргентинскиот народ“, изјави Матеус пред три месеци.

Луѓето од Фудбалската федерација на Аргентина во емотивно обраќање му се заблагодарија на поранешниот германски фудбалер.

„Ова е приказна за германскиот капитен кој беше пријател со аргентинскиот. Како и сите пријатели, и тие си ги разменуваа најдобрите работи што ги имаа – прегратка, совет и дрес“, стои во пораката на АФА.

- Оглас -

Најнови вести