Легендарниот германски капитен со порака за Англичаните: Ако ви е, не заслуживте да сте шампиони

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус во играчката кариера имаше можност да се радува на европската и светската титула. Матеус беше дел од селекцијата која во 1980 година стигна до европската титула, а 10 години подоцна со капитенската лента на раката ја предводеше Германија до мундијалската титула.

Матеус вели дека го следел Европското првенство кое неодамна заврши и е задоволен затоа што Англија не стигна до европската титула. Според Матеус, навивачите на Англија се однесувале неспортски и затоа не заслужиле да се радуваат на трофејот.

„Англиските навивачи одвратно се однесуваа кон едно мало девојче кое имаше германски дрес за време на осминафиналето. Тие постојано ги исвиркуваа противничките химни, а на Каспер Шмајхел му светеа со ласер во лицето пред да се изведе пеналот што ги однесе Англичаните во финалето. По завршување на финалето, тие навивачи започнаа расистички да ги навредуваат и сопствените играчи. Драги Англичани, тоа беше неспортско однесување кое не го очекувавме од вас и не сакаме повеќе да го видиме. Жал ми е за играчите, но вие како навивачи заслужено го загубивте финалето на ЕП“, беше пораката на Матеус до англиските навивачи.

 

- Оглас -

Најнови вести