Легендарниот голман-голгетер, се кандидираше за претседател на Парагвај

Најпознатиот парагвајски голман, легендата Хозе Луис Чилаверт, можеби ќе стане претседател на својата земја. Тој најави дека ќе биде кандидат за претседател на следните избори во 2023 година. Чилаверт има 55 години, а во светот е познат како еден од најдобрите голмани во свое време (трипати беше голман на годината во изборот на ФИФА), но и голгетер, што е необично за голман.

„Горд сум што сум Парагваец, Чила претседател во 2023“, објави Чилаверт на социјалните мрежи.

Чилаверт даде 54 гола за клубовите за коишто настапуваше и 8 за репрезентацијата. Ова не би било првпат некој спортист да стане претседател на својата земја, најдобриот африкански фудбалер на сите времиња, Жорж Веа, од 2018 година е претседател на Либерија.

- Оглас -

Најнови вести