Легендарниот јапонски фудбалер планира да игра и следната сезона: „Не планирам да се пензионирам“

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура и на 57-годишна возраст нема намера да се пензионира, а неговите планови се да игра и следната сезона, што за него ќе биде јубулејна 40-та во професионалната кариера.

Миура во моментов како позајмен од Јокохама игра за јапонскиот четвртолигаш Атлетико Сузуки, а претходните две сезони беше дел од португалскиот второлигаш, Оливаренсе, исто како позајмен од Јокохама.

„Не планирам да заминам во пензија. Мојата страст за играње сè уште е силна како и претходно“, вели Миура.

Педесет и седумгодишниот фудбалер својата кариера ја започна во 1986 година во бразилскиот Сантош, а за репрезентацијата на Јапонија дебитираше во 1990 година.

- Оглас -

Најнови вести