Легендарниот капитен на БиХ тешко повреден во сообраќајна несреќа

Емир Спахиќ, фудбалерот кој ја имаше честа да биде капитен на Босна и Херцеговина на првото Светско првенство за оваа репрезентација, ноќеска имаше тешка сообраќајна несреќа. Фудбалерот кој пред две години ја заврши играчката кариера, бил совозач во теренско возило кое ноќеска се превртело во близина на градот Гачка во источна Херцеговина.

Во несреќата Спахиќ се здобил со повеќе повреди на градниот кош, скршени му се неколку ребра, повреди на главата, а има и скршеница на ногата. Веднаш бил хоспитализиран во болницата во Требиње, а попладнево со хеликоптер бил пренесен во Сараево. Иако повредите се сериозни, Спахиќ цело време е свесен и е надвор од животна опасност.

За репрезентацијата на БиХ има одиграно 94 меча, а во клупската кариера има играно за: Челик, Дубровник, Загреб, Шиник, Торпедо Москва, Локомотив Москва, Монпелје, Севилја, Анжи, Баер Леверкузен и Хамбург.

 

- Оглас -

Најнови вести