Легендата на Валенсија и Манчестер сити, Давид Силва, има само пофални зброви за Ламине Јамал, на кого му предвидува блескава кариера, иако има само 17 години и неодамна почна да игра за првата екипа на Барселона.
„Не постои фудбалер со кој може да го споредуваме. Многу е млад, а полн со самодоверба. Се надевам дека така ќе продолжи, бидејќи има потенцијал да биде еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Иако, знам дека е многу тешко да се задржи континуитетот. Неговиот талент и квалитет се неверојатни.“ – вели Давид Силва.
Шпанецот за „црвената фурија“ одигра 125 натпревари и беше незаменлив на неговата позиција во освојувањето на двете Европски првенства во 2008 и 2012, како и Светското првенство во 2010-тата.