Легендарниот стадион во Мадрид се претвори во улица, но подоцна ќе биде парк (Видео)

„Висенте Калдерон“ ќе биде запамтен како еден од култните стадиони не само во Шпанија туку и во Европа. Тој беше дом на Атлетико Мадрид 51 година. Јорганџиите на тој стадион се радуваа на 10 титули во шпанското првенство, а бил домаќин и на 14 финалиња во Купот на Шпанија, три меча од Светското првенство во 1982 година и уште многу интересни и крајно неизвесни мечеви.

Атмосферата на „Висенте Калдерон“ беше една од најдобрите во Шпанија, а таму се „родија“ фудбалерите од калибарот на Фернандо Торес, Коке, Габи…

Стадионот официјално беше затворен во 2017 година, а Атлетико се пресели на ултрамодерниот „Ванда Метрополитано“. Стариот, истрошен „Висенте Калдерон“ започна да се руши. Моментно се срушени три трибини, а остана уште една за да го снема и последното делче од легендарниот стадион.

На местото каде што беше теренот, сега поминува улица, но откако ќе се сруши целиот стадион, на тој дел ќе биде изграден парк.

- Оглас -

Најнови вести