Легендарниот тренер се шегува со Србите: Браво, како ви текна, а Германците не се сетија

Србија одлучи идната фудбалска сезона да ја почне дури со 20 клубови, четири повеќе од оваа сезона, што наиде на интересна реакција на легендарниот тренер Драгослав Степановиќ.

Човекот што мина голем дел од играчката и тренерската кариера во Германија, но имаше успеси и во својата земја, вели дека одлуката Линглонг Суперлигата на Србија да се игра со 20 клубови е смешна.

„Генијално е ова, нема што. Само се прашувам како на Германците не им текна со 80 милиони жители и Топ-5 лига во Европа да ја прошират Бундеслигата како кај нас, туку играат со 18 клубови. Од идната сезона во Србија ќе има повеќе прволигашки фудбалери на теренот отколку навивачи на трибините“, критикува популарниот Степи.

Слични предлози имаше и за нашата Прва лига, да се прошири од сегашните 10 на 14 клубови за следната сезона, но таква одлука сè уште нема.

 

- Оглас -

Најнови вести