Легендата Хоакин направи хет-трик и постави рекорд во шпанскиот фудбал

Хоакин Санчес со 38 години и 140 дена, стана најстариот фудбалер кој постигнал три гола на еден натпревар од првата шпанска лига. Крилото на Бетис денеска за само 20 минути успеа да постигне три гола на дуелот против Атлетик Билбао. Досега највозрасен играч со хет-трик во Примера беше Алфредо Ди Стефано, со 37 години и 255 дена.

Инаку, 13 години поминаа од последниот хет-трик на еден играч на Бетис. Хоакин пред две кола даде еден гол, во претходното коло даде два, сега три. Како тргнал, којзнае, можеби на наредниот меч ќе има четири погодоци. Сега е почеток на второто полувреме, можеби Хоакин ќе даде четврти гол и на овој меч против баскијците.

- Оглас -

Најнови вести