Легендата на Арсенал седнува на клупата на лондонскиот клуб?

Патрик Виера, поранешниот играч и капитен на Арсенал, сега се споменува како најсериозен кандидат за нов тренер на Топчиите. Според француските медиуми, постојат реални шанси Виера да се врати во Арсенал, но овојпат како тренер. Моментно тој е на чело на екипата на Ница, која е на 14-тото место во француското првенство. Актуелниот договор му е до 2021 година.

Виера ги бранеше боите на Арсенал во периодот од 1996 до 2005 година, а неколку сезони беше и капитен. Арсенал остана без тренер откако поради слаби резултати, отказ доби Унаи Емери. Моментно улогата на привремен тренер ја извршува Фредерик Љунберг.

 

- Оглас -

Најнови вести