Легендата на Атлетик Билбао ја завршува кариерата

Капитенот на Атлетик Билбао, Оскар де Маркос, објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната.

Де Маркос (35) денес им ја соопштил својата одлука на соиграчите, истакнувајќи дека сака целосно да се фокусира на целите на тимот во оваа сезона, пренесе официјалниот сајт на баскискиот клуб.

На натпреварот против Еспањол во неделата тој се израмни со Икер Мунијаин на второто место по бројот на настапи за клубот (560). Апсолутен рекордер е Хозе Анхел Ирибар, кој од 1962 до 1980 година одигра 614 натпревари за Атлетик Билбао.

Де Маркос дебитираше за Атлетик во 2009 година, а со клубот освои два Суперкупа на Шпанија (2015 и 2021) и Куп на Кралот во 2024 година. Во сезоната 2011/12 стигна до финалето на Лигата на Европа.

Атлетик Билбао моментно е на четвртото место во Ла Лига, со шест бода помалку од лидерот Барселона, а во Лигата на Европа се пласира во осминафиналето, завршувајќи на втората позиција во својата група.

- Оглас -

Најнови вести