Легендата на Атлетико се прости од фудбалот

Легендата на Атлетико Мадрид, Габи, се пензионира на 37 години. Искусниот играч за врска ја заврши кариерата во редовите на Ал-Сад во Катар, каде што тренер му беше Чави Ернандес, иконата на Барселона.

Габи од фудбалот се простува со повеќе од 420 настапи во шпанското првенство, кои главно беа во дресот на Јорганџиите. Играше и за Сарагоса, додека една сезона помина на позајмица во Хетафе.

Габи со Атлетико освои шест титули, од кои две се во Лигата на Европа, како и титулата во Ла Лига во сезоната 2013/14.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести