Легендата на Бостон се врати во голем стил

Патрис Бержерон е една од иконите на Бостон бруинс, а имаше чудесна ноќ и кам-бек на мразот по цели 16 натпревари отсуство поради повреда.

Центарот на Бостон постигна два гола и имаше две асистенции и беше најзаслужен за победата на својот тим против Нешвил предаторс со 5:2.

„Кога си постојано на мразот не забележуваш колку е важно да можеш да играш. Сега почуствував колку значи да си во тимот. Отсуствував толку долго и сега само сакав да се забавувам. И навистина ми беше забавно“, изјави Бержерон.

Популарниот Бержи доби долги и стоечки овации кога го постигна својот прв гол по кам-бекот, водечки за Бостон на мечот во првиот период. Со следниот погодок на почетокот на третиот период забележа убав јубилеј од 300 погодоци во кариерата и тоа само за еден тим во НХЛ лигата.

Патрис беше драфтуван во 2003 година токму од Бруинс како 45-ти избор и цели 15 години во НХЛ игра само за еден тим, за Бостон.

„Тој е инспирација за сите нас. Веднаш се почуствува неговото присуство на мразот. Бержи е вистински лидер на тимот и неверојатен хокеар“, изјави Бред Марчанд, стрелец на еден гол, надополнет со една асистенција, во триумфот од 5:2 над Нешвил, што беше шеста победа на Бостон во последните 8 мечеви.

Резултати: Бостон – Нешвил 5:2, Филаделфија – Колумбус 3:4, Детроит – Флорида 1:2, Калгари – Сент Луис 1:3, Сан Хозе – Лос Анџелес кингс 2:3 (по продолженија), Вегас – Монтреал 3:4 (по продолженија), Аризона – Колорадо 6:4, Бафало – Анахејм 3:0, Каролина – Питсбург 0:3, Отава – Вашингтон 0:4, Торонто – Њујорк ренџерс 5:3, Минесота – Далас 1:2 (по продолженија), Едмонтон – Тампа беј 3:6, Ванкувер – Винипег 0:1. 

- Оглас -

Најнови вести