Легендарниот борец на бразилското џиу-џицу убиен во ноќен клуб (Видео)

Тажна вест дојде од Бразил, во ноќен клуб во Сао Пауло убиен е Леандро Ло, осумкратниот светски првак во боречката вештина бразилско џиу-џицу и единствен кој бил шампион во три различни категории.

Легендарниот борец околу 2 часот по полноќ имал конфликт со некој човек, за кого подоцна се покажа дека бил полицаец. Иако не бил на должност, полицаецот носел пиштол со себе и откако бил турнат на земја од Ло, испукал куршум во главата на 33-годишниот борец. Бидејќи музиката била гласна, никој не го слушнал пукањето.

Се појави и снимка како Ло го изнесуваат од ноќниот клуб и го сместуваат во амбулантно возило, но му немало спас и неколку часа подоцна починал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести