Легендата на Челзи прифати да игра во втора лига

Некогашниот незаменлив централен дефанзивец на Челзи, Гери Кејхил, во новата сезона ќе го носи дресот на Борнмут во англиската втора лига, популарно наречена Чемпионшип. Кејхил кој седум години беше дел од тимот на „Стемфорд Бриџ“, на 35 години го прифати предизвикот да игра во Чемпионшип.

Во претходните две сезони, Кејхил настапуваше за Кристал Палас, но откако летово му истече договорот, остана слободен играч. Борнмут има амбиции да се врати во Премиер лигата, па затоа тренерот Скот Паркер се одлучи да го повика искусниот Кејхил во тимот. Паркер и Кејхил беа и соиграчи во еден дел од кариерите.

„Чувствувам дека во оваа фаза од мојата кариера, ова е најдобро место за мене. Сакав нов мотив, нов предизвик. Имав среќа долго време да играм во Премиер лигата, поминаа 17 години кога последен пат бев дел од Чемпионшип, а сега добив шанса да се приклучам на ова интересно патување“, рече Кејхил по промоцијата во Борнмут.

По првите три кола во Чемпионшип, Борнмут има две победи и едно реми, а денеска на свој терен игра против Блекпул.

 

- Оглас -

Најнови вести