Легендата на Јувентус реши да ја заврши кариерата
Повредите си го направија своето.

Некогашниот италијански репрезентативец Клаудио Маркисио реши да ја заврши кариерата. Играчот кој помина 13 години во дресот на Јувентус, се одлучи дека е доста, иако има 33 години и може уште неколку години да биде активен. Причина за пензионирањето на Маркисио се повредите кои ги имаше овој играч во текот на кариерата.
Маркисио утре на прес-конференција официјално ќе објави дека оди во пензија. Тој освои седум титули со Јувентус во Серија А, четири Купа на Италија и три Суперкупа на земјата. Од италијанскиот гигант си замина во 2018 година и минатата сезона ја помина во дресот на Зенит. И со рускиот тим се израдува на титула во Русија, но по завршување на сезоната, не најде нов клуб.
За Италија има 55 настапи, а има постигнато и пет погодоци.