Легендата на Краевите го нападна Винисиус: Дресот на Реал Мадрид не трпи такво однесување

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, го критикуваше однесувањето на напаѓачот на Кралевите, Винисиус жуниор, на синоќешниот реванш-натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лајциг (1:1).

Фудбалската јавноста во Шпанија и во Европа е согласна дека судијата му прогледа низ прсти на Винисус и мораше да го исклучи Бразилецот поради фаќање за грло на противнички играч.

„Му советувам да пронајде начин да ги смири страстите. Дресот на Реал Мадрид не може да трпи такво однесување, можеби во некој друг клуб може, но тука не. Не можам да го оправдам неговото однесување. Треба да бидеме реални и да кажеме дека неговиот потег можеше да го чини црвен картон. Тој не смее да биде толку фрустриран туку да остане мирен за да не му нанесе штета на тимот. Вака нема да стане голем играч“, изјави Мијатовиќ.

Поранешниот играч на Реал сепак ги пофали неговите играчки квалитети.
„Винисиус прави разлика на теренот бидејќи е поинаков од останатите и поради тоа заслужува респект. Да, тој е одличен, но мора да го промени однесувањето. Тоа му го кажуваат сите, па дури и неговите соиграчи мора да влијаат на него како да е дете. Мора да промени многу работи бидејќи сè што знае да прави подобро од останатите, може да го расипе со еден ваков потег“, смета Мијатовиќ, кој додаде дека Реал Мадрид остана во ЛШ поради Бог.

„Не се сеќавам Реал Мадрид да одиграл ваков натпревар. Реал е жив во Лигата на шампионите благодарение на Бог“.

- Оглас -

Најнови вести