Легендата на Ливерпул ја напушти болницата за да се лекува во домашна изолација

Иконата на Ливерпул Кени Далглиш, лекувањето од Коронавирусот ќе го продолжи во домашна изолација. Далглиш утрово ја напуштил болницата каде што пред неколку дена се смести откако се испостави дека е позитивен на вирусот Ковид-19.

„Луѓето мислат дека добив посебно внимание поради моето име, но факт е дека медицинскиот персонал еднакво за сите се грижи и одлично си ја заврши работата. Можеме да бидеме среќни што имаме способен кадар да се бори за нашите животи и се жртува во овој тежок период“, истакна Далглиш.

Легендарниот играч е во ризичната група на луѓе и затоа бил пренесен во болница, но очигледно неговата здравствена состојва се подобрува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести