Легендата на шпанскиот фудбал кажа крај: „Фудбал … ти благодарам“ (Видео+Фото)

Давид Силва на 37 години му кажа збогум на фудбалот. Живата легенда на шпанскиот фудбал кој со репрезентацијата освои Светско првенство и две Европски првенства повеќе нема да го гледаме на фудбалските терени. Фудбалерот одлучи дека е доволно и му се заблагодари на фудбалот со видео во кое се потсети на својата блескава кариера.

Давид Силва освои вкупно 20 трофеи во својата кариера. Освен европските и светската титула, тој има освоено и младинско европско првенство во репрезентацијата на Шпанија. Четиринаесет трофеи освои со Манчестер сити, четирипати ја освои Премиер лигата, двапати ФА купот, петпати Лига купот на Англија и трипати Супер купот на Англија. Два трофеи освои и во Шпанија, и тоа во Кралскиот куп со екипите на Валенсија и Реал Сосиедад.

Давид Силва во својата кариера играше за Валенсија, Еибар, Селта Виго и Реал Сосиедад во Шпанија и 10 сезони за Манчестер сити во Премиер лигата. Вкупно во својата кариера одигра 741 натпревар на клупски план, на кои постигна 121 погодок. Од овие натпревари дури 436 се во дресот на Манчестер сити, за кого постигна и 77 гола. За репрезентацијата на Шпанија одигра 125 меча, на кои успеа 35 пати да се запише во листата со стрелците.

- Оглас -

Најнови вести