Легендата „распали“ по Манчестер јунајтед: Ако продолжат да играат, ќе го сменат и Рангник

Манчестер јунајтед вчеравечер одигра само 1:1 на гостувањето кај Њукасл.

Иако Црвените ѓаволи важеа за големи фаворити на оваа средба, сепак тие одиграа катастрофално и само благодарение на Давид де Хеа, кој правеше чуда на голот, како и Единсон Кавани, останаа непоразени.

Ваквата лоша игра ја искритикува клупската легенда Гери Невил, којшто работи како коментатор на Скај спортс.

„Целиот тим одигра разочарувачки, ова е под секое ниво. И не е проблемот во тренерот, туку во играчите, одиграа како првпат да се гледаат.

Имаа неколку недели за работа, а ништо не прикажаа, ако продолжат вака, играчите ќе го сменат Рангник и уште многу тренери по него“, изјави Невил.

За Манчестер јунајтед ова беше прв натпревар по пауза од 16 денови, откако голем дел од играчите излегоа позитивни на тестовите за ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести