Легендата руши рекорди: Акинфеев по 333-ти пат не прими гол

Легендарниот руски голман, 35-годишниот Игор Акинфеев, денеска на мечот помеѓу ЦСКА Москва и Ахмат Грозни, постави два рекорди во рускиот фудбал кои тешко дека ќе бидат урнати во догледно време.

Акинфеев го имаше својот 490-ти настап во руското првенство, и со тоа го надмина рекордот на својот некогашен клупски колега Сергеј Игнашевич, кој се повлече со 489 меча.

Освен тоа, Акинфеев по 333-ти пат во кариерата успеа да ја зачува својата мрежа. Ретки се голманите во светот кои можат да се пофалат дека на дури 333 меча не примиле гол.

- Оглас -

Најнови вести