Легендата се расплака по поразот на Ѓоковиќ: Ќе треба да минат илјада години да се урне неговиот рекорд (Видео)

Светската тениска легенда Никола Пилиќ се расплака по поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на АТП турнирот во Белград, каде Андреј Рубљев беше подобар и победи со 6:2, 6:7, 6:0 и го освои пехарот.

Пилиќ во завршниот збор на турнирот со многу емоции говореше за Ѓоковиќ и го нарече најголемиот тенисер на сите времиња.

„Во конкуренција на Федерер, Надал, Мареј и останатите врвни асови да се биде 366 седмици на врвот на АТП листата е досега невиден подвиг. Па тоа се 7 години да бидеш прв и таков резултат ќе нема во следните илјада години“, рече Пилиќ.

Ѓоковиќ и се извини на публиката што не успеа да го освои турнирот, а го пофали Рубљев.

„Им се извинувам на сите што навиваа за мене и буквално со огромна поддршка ме туркаа на патот кон финалето. Но, кога ќе откаже моторот нема шанси за победа. Му честитам на Андреј за успехот. Белград и Србија те сакаат и секогаш ќе бидеш добредојден овде“, рече Новак.

За Рубљев ова е 11 пехар на АТП турнирите, а Ѓоковиќ остана на досегашните 86.

- Оглас -

Најнови вести