Легендата се закани: Ако има гледачи на Светското првенство, може воопшто да не играм

Легендарниот снукер играч Рони О’Саливен изјави дека не е среќен поради фактот дека Светското првенство кое од 31 јули треба да започне во Шефилд, ќе се игра со публика. Според О’Саливен, публиката никако не смее да биде присутна на спортски настани до крајот на 2020 година, а не посебно кога се работи за натпревари во затворен простор.

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека од октомври се планира повторно дозвола на навивачите да одат на фудбалските натпревари, а пред тоа да се направат неколку теста, меѓу кои е и Мундијалот во снукер што треба да се игра во Шефилд.

„Ако биде дозволено присуство на навивачи, макар тоа бидат и само стотина, јас нема да се чувствувам убаво. Размислувам да одат и до таа мерка дури и да не играм. Мислам дека мора да бидеме многу внимателни и да размислуваме како најлесно да се намали ризикот. Мислам дека до крајот на 2020 година не смее да има навивачи на затворен простор. Тоа би било луда идеја“, вели О’Саливен.

Светското снукер првенство ќе се одржи 44. пат по ред во славниот „Крусибл театар“ во Шефилд, а ќе започне на крајот од овој месец. Првично Мундијалот требаше да се игра од 18 април до 4 мај, но настанот беше пролонгиран поради опасниот Коронавирус.

Актуелниот првак и моментно најдобриот снукер играч, Џад трамп е прв фаворит за освојување на турнирот. О’Саливен низ кариерата вкупно пет пати го освојувал ова првенство, а рекордер е Стивен Хендри со неверојатни седум трофеи на овој престижен турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести