Легендата Сонг е нов селектор на Камерун, видете со каков танц го прослави наименувањето (Видео)

Камерунската легенда Ригобер Сонг е нов селектор на фудбалската репрезентација на Камерун.

Сонг, кој во играчката кариера настапуваше за големи клубови, како Ливерпул, Вест hем, Галатасарај, Ленс и други, бил назначен за селектор лично од претседателот на Камерун, Пол Бија. Не е јасно како ќе реагира ФИФА за ова мешање на политиката во спортот.

Сонг е рекордер по бројот на одиграни мечеви за Камерун, има 137 меча за Лавовите, играше на четири светски првенства и двапати ја освојуваше титулата првак на Африка.

Тој доаѓа на местото на Антонио Консеисао, со кого Камерунците го освоија третото место на неодамнешниот Африкански куп на нациите, кој се играше токму во нивната земја.

Прва задача на Сонг ќе биде да го однесе Камерун на СП во Катар. На 25 и 29 март Камерунците играат бараж против африканскиот првак од 2019 година, Алжир.

Откако дозна дека е избран за селектор, Сонг со танц во свој стил го прослави наименувањето на функцијата:

https://twitter.com/i/status/1498389872851177475

- Оглас -

Најнови вести