Лејкерс без Леброн и Веѓата ја доби класиката против Бостон (Видео)

Лос Анџелес лејкерс победи на гостувањето кај Бостон селтикс со 114-105 и ова претставува изненадување затоа што кај Езерџиите ги немаше ѕвездите Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

За Бостон ова е само трет домашен пораз сезонава, но сите три се периодов и тимот е во криза. Јунак на Лејкерс беше Остин Ривс, кој погоди седум тројки (личен рекорд) и средбата ја заврши со 32 поена.

Поентерска експлозија имаше Тајрис Макси од Филаделфија. Макси уфрли 51 поен во победата над 76-ките над Јута од 127-124. Притоа, Макси немаше ниту една загубена топка.

Пред мечот, Макси дозна дека ќе биде меѓу резервите на олстар-натпреварот и тоа го инспирираше да одигра партија на кариерата и да ја запре серијата од четири порази по ред на неговиот тим.

На олстар ќе игра и Џејлен Брансон, кој со 40 поени го предводеше Њујорк до триумф над Индијана од 109-105. Никс има серија од девет победи по ред.

Погледнете го шутерското шоу на Ривс од Лејкерс против Бостон:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести