Лејкерс бира меѓу тројца искусни плејмејкери

Милвоки го презеде престолот на НБА од ЛА лејкерс пред неколку дена, но Езерџиите веќе кројат планови како да се вратат таму.

За атак на рекордната 18-та титула и статус како најтрофејна кошаркарска франшиза во САД, на Лејкерси ќе им биде потребен плејмејкер со големо искуство. Во игра се три звучни имиња кои дефинитивно може да им помогнат на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, лидерите на тимот од Ел – Еј.

Крис Пол е првата опција, но 36-годишниот бек на Феникс ќе мора да се откаже од 44 милиони долари кои му се предвидени да ги заработи доколку остане меѓу Сонцата следната сезона.

Расел Вестбрук е роден во Лос Анџелес и одамна се поврзува со преселба во Калифорнија, што би му одговарало и нему да заигра за тим со шампионски амбиции откако кариерата му дожиеа пад настапувајќи за Хјустон и Вашингтон.

Третата опција е Кајл Лаури, убедливо најдобриот кошаркар во историјата на Торонто репторс, кој може да потпише ветерански договор со Лејкерс и да добие последна шанса за втора титула во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести