Лејкерс и Индијана ќе играат во финалето на новото натпреварување во НБА (Видео)

Екипите на ЛА Лејкерс и Индијана пејсерс ќе играат во финалето на најновото натпреварување во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА-купот.

Лејкерси предводени од Леброн Џејмс со 133:89 го декласираа Њу Орлеанс пеликанс, додека Индијана беше подобра од Милвоки бакс со 128:119. По израмнетата прва четвртина, Лејкерси во втората беа подобри и на одмор заминаа со двицифрена предност (67:54).

Во третиот дел, играта на Њу Орлеанс буквално се распадна, Џејмс и соиграчите овој период го добија со 43:17 и ги решија дилемите околу победникот. Токму Леброн Џејмс кој ја игра својата 21 сезона и наскоро ќе полни 39 години, беше најдобар на теренот со 30 поени за само 22 минути поминати на паркетот.

Одлична партија прикажаа и Остин Ривс со 17 поени и Ентони Дејвис со 16 поени и 15 скока.

Индијана пак со 128:119 го победи Милвоки бакс и тоа благодарение на серијата од 9:2 во финишот од мечот.

Тајрис Халибуртон ја предводеше Индијана со 27 поени и 15 асистенции, а одличен беше и Мајлс Тарнер со 26 поени и 10 скока. Кај Милвоки, Јанис Адетокумбо имаше дабл-дабл од 37 поени и 10 скока.

 

- Оглас -

Најнови вести