Лејкерс планира да го врати Хауард

По тешката повреда на Демаркус Казинс, ЛА лејкерс се во потрага по нов играч кој ќе ја пополни центарската позиција. Челниците на втората најтрофејна франшиза во НБА-лигата наводно се интересираат за Двајт Хауард, искусниот центар кој моментално е член на Мемфис гризлис.

Езерџиите би го вратиле Хауард во својот ростер само за оваа сезона бидејќи Казинс има минимални шанси да се врати на паркетите пред стартот на разигрувањата. Екскошаркарот на Орландо ги бранеше боите на Лејкерс во сезоната 2012/13, сезона која ја заврши како најдобар скокач во Лигата.

Иако е во редовите на Мемфис, американските медиуми тврдат дека Хауард ќе ја прекине соработката со цел да се врати во Калифорнија, каде што би играл за тим со шампионски амбиции. Поради проблеми со повреди, Хауард минатата сезона запиша само 9 настапи за Вашингтон.

- Оглас -

Најнови вести