Лејкерси без Дејвис ќе им се одмаздуваат на Сиксерс

ЛА лејкерс – Филаделфија севентисиксерс (04ч)

Иако е дерби на денот, тоа ќе биде сиромашно без присуството на Ентони Дејвис на едната страна, како и двете главни ѕвезди на Сиксерс, Бен Симонс и Џоел Ембид. Поради повреди, главните играчи на двете екипи нема да учествуваат во интересната пресметка, но за домаќините секако тука е расположениот Леброн Џејмс, кој со секој нареден меч во финишот на сезоната го крева нивото на игра како да сака да покаже дека е подготвен за разигрувањата.

Првата овосезонска пресметка ѝ припадна на Филаделфија во улога на домаќин, сосема логично ако се знае дека Сиксерс го имаат најдобриот учинок на Истокот на домашен терен (28-2). Токму затоа избраниците на Френк Вогел ќе целат на одмазда, а таа може да биде наплатена двојно. Сепак, треба да се знае дека Фила ги доби последните три гостувања во Лос Анџелес, меѓутоа во ситуација кога Џејмс не беше во составот на Лејкерс.

Предлог тип: Т1 >116,5 поени (1.88)

 

Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс пеликанс – Минесота тимбервулвс, 02ч)

Зајон игра сè подобро и речиси да нема играч кој може да го спречи во неговиот обид да одржи висок учинок. Блесокот против Лејкерс со 35 поени потврдува дека се работи за кошаркар кој ќе доминира во иднина и поради неговото влијание на теренот, Њу Орлеанс стигна до позиција да се бори за плејоф.

Ноќеска не би требало да има проблеми против Минесота, која нема да смета на првата ѕвезда Карл Ентони Таунс. Пеликаните веќе ги победија сезонава, и тоа без Зајон во составот, а со него имаат големи шанси да ја повторат истата партија од декември минатата година.

Предлог тип: Вилијамсон >26,5 поени (1.87)

 

Оклахома сити тандер – ЛА клиперс (02ч)

Клиперси загубија на три од последните пет гостувања, додека Оклахома е во мини-серија од три победи на домашен терен, па може да се очекува интересен меч бидејќи едната екипа ќе сака да го одржи ритамот, додека гостите ќе сакаат да си го подобрат учинокот.

Севкупно Клиперс ги добија последните четири меча во кои на два од нив постигнаа повеќе од 130 поени. Расположени се речиси сите избраници на Док Риверс, особено Кавај Ленард, од кого повторно се очекува да ја направи разликата на теренот.

Предлог тип: Т2 >115,5 поени (1.88)

 

Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Голден стејт вориорс, 03ч)

Џокерот во четири од последните пет меча ја надминува зададената граница на поени, а против еден од најслабите тимови оваа сезона не би требало да има проблем да реализира повеќе од 22 поени. Особено на Јокиќ ќе му биде лесно за таков учинок поради фактот што ноќеска нема да игра Дрејмонд Грин, еден од најдобрите дефанзивци во лигата.

Нагетси претходно славеа против Воините среде Сан Франциско, но дури во продолженија, додека на домашен терен ќе имаат поддршка од трибините и би требало да триумфираат без потешкотии.

Предлог тип: Јокиќ >21,5 поени (2.0)

 

Паскал Сијакам (Феникс санс – Торонто репторс, 03ч)

Се очекува добар перформанс на Сијакам, особено што шампионот ноќеска ќе биде ослабен без услугите на Ибака и Ванвлит. Ѕвездата на Торонто блескаше во последната пресметка против Феникс со 37 поени и 12 скока, погоди 5/9 за три поени, што значи дека Сонцињата му одговараат како противници.

Торонто воедно мора да ја прекине лошата серија од три порази ако сака да го задржи второто место на табелата на Истокот бидејќи Бостон им диши во врат со една победа помалку по 60 одиграни натпревари.

Предлог тип: Сиакам >22,5 поени (1.87)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести