Лејкерси го добија дербито на Лос Анџелес, Лука и Кајри дадоа дури 69 поени (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја прекинаа серијата од четири порази по ред откако утринава во градската пресметка славеа над ЛА Клиперс со 106:103.

Клучните поени, тројката на 1:17 минута до крајот беа дело на Торијан Принс.
Вообичаено кај ЛА Лејкерс, најдобри беа Леброн Џејмс со 25 поени и Ентони Дејвис со 22 поени и 10 скока. Кај Клиперси, Ивица Зубац и Пол Џорџ дадоа по 22 поени.

Далас маверикс со 115:108 ја совлада Минесота тимбервулвс во меч на кој блескаа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг. Ирвинг беше најдобар стрелец со 35 поени, додека Дончиќ даде еден поен помалку. На спротивната страна, Ентони Едвардс уфрли 36 поени.

 

Резултати: Орландо – Атланта 117:110, Сакраменто – Њу Орлеанс 100:133, Далас – Минесота 115:108, Денвер – Детроит 131:114, Феникс – Мемфис 115:121, Голден стејт – Торонто 118:133, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 106:103, Бруклин – Порланд 127:134.

- Оглас -

Најнови вести