Лекари се жалат дека Марадона е нескротлив

Диего Марадина на кого во вторникот му оперираа хематом во мозокот, ќе остане во болница најмалку до понеделник, а иако славниот фудбалер добро закрепнува и ги има пост-оперативните симптоми како тресење и дезориентираност, им правел проблеми на медицинските лица.

„Тој сака да си оди од болница, па за да го задржиме, му даваме седативи“ – вели докторот Леополдо Луке.

Алфредо Кае, човекот кој 30 години беше личен лекар на Марадона, се плаши за иднината.

„Тој е нескротлив и се плашам дека состојбата може да му се влоши. Проблем е како да се излезе на крај со него. Во 2000 година кога го однесов на Куба, беше во фаза кога од дрога прејде на алкохол, па се враќаше на дрога“ – вели Кае.

- Оглас -

Најнови вести