Леклер побрз од болидите на Мерцедес за полот на Монца

Возачот на Ферари Шарлс Леклер, ја освои пол-позицијата на денешните квалификации во пресрет на трката за Големата награда на Италија. На легендарната патека „Монца“, Французинот ги израдува домашните навивачи на Ферари и беше побрз од двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Ботас.

Леклер пол-позицијата ја освои со време од 1:19.307, што го направи побрз од актуелниот светски првак за 39 илјадити дел од секундата. По Хамилтон и Ботас, од четвртата позиција утре ќе тргне Себастијан Фетел, додека Рикијардо од Рено го завзеде петтото место.

Италијанското Гран при е 14-та трка за оваа сезона, која е закажана за утре во 15.10 часот.

https://twitter.com/F1/status/1170343297635819520

- Оглас -

Најнови вести