Лекција за Дончиќ и пораз кој ќе го памети Словенецот

Далас маверикс претрпе тежок пораз на свој терен откако Феникс санс немаше милост и славеше со убедливи 133:104. Девин Букер и Деандре Ејтон одиграа фантастичен меч, па Сонцата се радуваа на убедлив триумф. Букер заврши со 32 поени, девет асистенции и шест скока, додека Ејтон погоди 13 од 15 удари од поле и на крајот заврши со 31 поен и девет скока. Лука Дончиќ беше немоќен и само за 25 поени поминати на паркетот даде 21 поен.

Уште во првата четвртина Феникс покажа дека е дојден да победи и стигна до предност од 13 разлика, но домаќините на полувремето намалија само на пет негатива. Третата четвртина беше фуриозна за гостите. Сонцата дадоа 48 поени, а примија само 22 и веќе беше јасно дека гостите ќе победат убедливо.

Милвоки, најдобриот тим во лигата, ја покажа силата и со убедливи 151:131 го победи Вашингтон. Мечот на кариерата го одигра Крис Мидлтон, кој даде 51 поени, а имаше и 10 скока и шест асистенции за 36 минути поминати на теренот. Кај Вашингтон одличен беше Бредли Бел, кој постигна 47 поени, но не успеа да спречи убедлив пораз на својот тим.

Во останатите мечеви кои се играат во НБА: Шарлот – Њујорк 97:92, Филаделфија – Голден стејт 115:104, Кливленд – Њу Орлеанс 111:125, Торонто – Атланта 130:114, Мемфис – Денвер 104:96 и Мајами – Бостон 101:109.

- Оглас -

Најнови вести