Минесота го победи Феникс со 116:114 во еден од трите меча кои ноќеска се играа во НБА-лигата. Последните секунди беа решавачки за триумф на Минесота, а тогаш се знае, топката доаѓа кај Дерик Роуз. Првата ѕвезда на Минесота како да го преспа првото полувреме и даде само два поени, но затоа во второто одигра на своето ниво и постигна дури 29 поени, вклучувајќи ги и осумте од последните 10 поени за Минесота, во последните 3:25 минути.
Имаше уште 10-тина секунди до крајот, а резултатот беше 114:114. Тогаш топката беше кај Роуз, кој остана изолиран да игра еден на еден. Во таква ситуација, нема помош за противникот. Роуз чекаше времето да дојде на самиот крај и потоа најде начин како да шутне и да погоди за победа, и тоа на 0,6 секунди до крајот.
Во останатите два меча кои се одиграа ноќеска, немаше неизвесност. Индијана го победи Шарлот убедливо со 120:95, а без проблеми на гости кај Сан Антонио славеше и ЛА клипер со 95:113.