Леман: Емери во Арсенал донесе неспособни помошници кои не знаеја англиски

Германецот Јенс Леман, поранешниот голман на Арсенал, изјави дека поранешниот тренер на Топчиите, Унаиу Емери, не го сакал во својот стручен штаб и на „Емирејтс”, довел целосно свој тренерски тим, кој според Леман, бил со сомнителен квалитет.

Шпанецот Емери во Арсенал остана една и пол сезона, но не успеа да го убеди раководството дека е вистинскиот човек кој ќе го врати тимот во групите од Лигата на шампионите. Емери беше ослободен кон крајот на октомври 2019 година, а Леман смета дека Емери направил серија грешки.

„Две години бев дел од стручниот штаб на Арсен Венгер, но кога си замина тој, беше сменет целиот тим и според мене, беа доведени луѓе кои не се доволно добри. Раководството на клубот не знае некои работи кои јас ги знам околу освојувањето на трофеи и често се носат погрешни решенија. Емери сакаше да донесе свој тим на помошници кои не говореа англиски. Мислам дека тој едноставно за помошници не сакаше такви како мене, независно што сум имал успеси на терен”, изјави Леман.

 

- Оглас -

Најнови вести