Леман предлага да има гледачи на секое четврто седиште

Јенс Леман, поранешниот голман на Арсенал и германската репрезентација, успеа да ја добие битката со корона-вирусот, а иако виде како е да се биде заразен од вирусот, останува на ставот дека навивачите треба да присуствуваат на мечевите. Леман беше многу критикуван, но не го менува мислењето и даде интересен предлог.

„Ако се пополни секое четврто седиште на трибините, ќе има доволно простор помеѓу фановите. Секој што ќе го прекрши правилото за држење безбедно растојание, нека биде исфрлен и нека добие забрана да присуствува на следните натпревари и неговото место нека го пополни друг навивач“, вели Леман.

Леман, кој има 50 години, раскажа дека еден и пол ден имал висока температура и кашлал, а по две недели во карантин бил прогласен за здрав. Се чека дозвола од германската влада за мечевите од Бундеслигата и Цвајта да почнат на 9 мај, како што сакаат клубовите.

- Оглас -

Најнови вести