На Ленард му беше извршена операција на коленото, го чека подолга пауза

Од таборот на ЛА клиперс потврдија дека на Кавај Ленард успешно му беше извршена операција на коленото откако ги скина лигаментите за време на серијата од плејофот против Јута џез.

Ленард поради повредата, ги пропушти останатите дуели на Клиперс во разигрувањата, по што екипата беше елиминирана од Феникс во битката за големото финале. Иако оптимистичните најави беа дека Ленард би можело да закрепне без операциски зафат, сепак е одлучено дека мора да ја санира повредата.

Сега му се предвидува подолга пауза, што значи дека двократниот НБА-шампион е неизвесен за стартот на сезоната 2021/22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести