Ленгле не сака да се врати во Барселона, но клубовите не можат да се договорат околу обесштетувањето

Францускиот дефанзивец Клемен Ленгле во 2018 година се пресели од Севиља во Барселона за 35,9 милиони евра, но од 2022 година нема настап за Каталонците. Беше испраќан на позајмици во Тотенхем и Астон вила, а оваа сезона е позајмен во Атлетико Мадрид.

Позајмицата му завршува налето, а Барселона не го планира иако има договор до 2026 година. Желбата на Ленгле е да остане во Атлетико Мадрид, а Јорганџиите веќе испратиле понуда до Барселона да го откупат неговиот договор за пет милиони евра. Сепак, оваа понуда не е прифатлива за Каталонците, кои се надеваат дека ќе добијат барем двојно, односно 10 милиони евра.

Во прилог на Атлетико Мадрид, а на штета на Барселона оди фактот дека Французинот е задоволен во главниот град и сака да остане, а Каталонците веројатно ќе го ослободат за да направат простор во финансискиот ферплеј, со што имаа големи проблеми изминатиот период.

- Оглас -

Најнови вести