Лео Меси е „душман“ за англиските екипи

Барселона ја продолжи одличната низа кога гостува кај екипи од Англија. Синоќа во Лондон против Тотенхем стигна до деветтата победа на 12 гостувања на англиското тло. Најголема заслуга за ваквиот биланс е играта на Лионел Меси против англиските клубови.

Аргентинецот против Тотенхем даде два гола и ја продолжи неверојатната статистика. Меси сега има 21 гол и шест асистенции кога противници му се екипи од колевката на фудбалот. Синоќа дури во второто полувреме реши да се „разбуди“, бидејќи првите два гола беа дело на Кутињо и Ракитиќ.

На Меси најтешко му е кога игра против Челзи. Со овој лондонски клуб мака мачеше неколку години да му даде гол, но за негова среќа, тој малер го скрши минатата сезона, па на двете средби успеа да постигне три гола во мечевите од нокаут-фазата, кога Каталонците го елиминираа премиерлигашот.

- Оглас -

Најнови вести