Лепа Брена и Бобо останале без 18 милиони долари, затоа што не сакале да му помогнат на Ѓоковиќ

Тенисерот кој е број 1 на АТП листата, Новак Ѓоковиќ е пример за тоа како никогаш не треба да се откажувате од својот сон и да верувате дека треба да стигнете до врвот. Познато е дека семејството на Ѓоковиќ имало финансиски проблеми за да ја пратат кариерата на својот син.

Сепак, таткото Срѓан верувал во својот син Новак, а тоа на крајот му се исплати. Ѓоковиќ е најдобар тенисер во светот, нешто што никој не можел да го претпостави пред речиси две децении. Срѓан Ѓоковиќ неодамна откри дека кога имал финансиска криза, побарал од пејачката Лепа Брена и нејзиниот маж Слободан Живојиновиќ (Некогашен светски познат тенисер), да му помогнат во градењето на кариерата на Новак.

Брена и Бобо одбиле да дадат финансиска помош за Ѓоковиќ, а Срѓан открива дека ако тогаш тие му помогнале, сега ќе биле побогати за 18 милиони долари. За целата приказна, свој коментар имаше и Брена.

„Не сум тениски експерт и не знам за таков вид понуди, но знам дека мора да бидете пријатели и да имате голема доверба во некого, ако сакате да започнете заеднички бизнис, а во тој случај тоа не беше така. Ние го сакаме Новак, го цениме и го почитуваме, како и неговото семејство. Тој е најдобар пример за прекрасно и успешно момче. Сакаме сите негови соништа да станат реалност, бидејќи тој тоа го заслужува“, објасни популарната пејачка Брена.

 

- Оглас -

Најнови вести