Лесна победа за „тимот Б“ на ПСЖ, Лил шокиран од четвртолигаш во Купот на Франција

ПСЖ ќе игра во четврт-финалето од францускиот Куп по лесниот триумф од 2-0 на гости кај нисколигашот Пау. Томас Тухел одлучи да ги одмори ѕвездите Нејмар, Мбапе, Икарди и останатите, па им даде шанса на оние играчи со нередовна минутажа.

Светците го обезбедија пласманот со погодоците на Паредес во 25-тата и Сарабија во 53-тата минута.

Големо изненадување приреди четвртолигашот Епинал елиминирајќи го актулениот француски вицешампион Лил со конечни 2-1 на домашен терен. Данските доги иако имаа водство од првиот дел благодарение на Реми, двата гола на Красо во 56-тата и 62-рата минута го најавија пресвртот и големиот триумф на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести