Лесни победи на големите фаворити треба да донесе чиста добивка

3009 Наполи – Калјари (20:45 ч.)

Наполи ќе се обиде да остане единствениот тим со перфектен биланс во Серија А, а Калјари е посакуван ривал. Гостите се претпоследни на табела со само два бода, без победа. Ако се гледа традицијата, Наполи ги доби девет од последните 11 средби со овој ривал.

Наполитанците се одлични во нападот и во просек даваат по речиси три погодоци, а одбраната на Калјари не ветува дека гостите ќе може да се спасат.

Предлог тип: 1&3-5 (2.14)

 

1306 Барселона – Леванте (16:15 ч.)

Со само една победа во последните пет меча, Барселона едноставно е под притисок дека на „Камп Ноу“ мора да победи. Каталонците ќе бидат без тренерот Роналд Куман, но тоа може да биде и дополнителен мотив за нив.

Неверојатно делува серијата од 16 победи по ред на Барселона пред своите навивачи против Леванте, па реално, тимот кој сезонава нема ниедна победа, ниту на овој меч може да бара бодови.

Предлог тип: 1-1 (2.12)

 

1662 Остенде – Андерлехт (18 ч.)

Гостите ја имаат фаворитската улога, но факт е дека Остенде знае да биде опасен ривал. Традицијата вели дека има возбудувања кога играат овие ривали, па на шест од последните седум дуели било барем со по три гола, а само еднаш имало два погодоци.

Двете екипи негуваа отворен фудбал и целта им е да дадат погодок плус, па може да очекуваме да се тресат мрежите на двата голмани.

Предлог тип: ГГ3+ (2.00)

 

1245 Селтик – Данди (16 ч.)

Неочекувано, но Данди е пред Селтик по шест одиграни кола во Шкотска. Не само во Шкотска, туку може и во цела Европа, Данди да е тимот на кој се играат најнеефикасни дуели.Во шест кола, гол разликата му е три дадени и четири примени гола.

Селтик дома треба да го скрши отпорот на цврстиот ривал, против кој најчесто нема проблеми, па има девет победи во последните 10 меѓусебни дуели.

Предлог тип: T1 1+I & 1+II (1.69)

 

1924 Базел – Цирих (16:30 ч.)

Дерби во Швајцарија на две екипи кои се борат за врвот. Базел е единствен без пораз, а Цирих заостанува само еден бод зад лидерот. Двата тима во просек даваат повеќе од два погодоци на меч, но факт е дека имаат и послаби одбрани.

Дури седум од последните 10 меѓусебни средби завршиле со минимум по четири погодоци, што само е најава за и вечерва да има отворена игра без многу калкулации.

Предлог тип: 4+ (2.24)

 

- Оглас -

Најнови вести