Лестер го разреши тренерот Пуел

Клод Пуел веќе не е тренер на англискиот премиерлигаш Лестер. Овој 57-годишен француски стручњак, претпладнево доби отказ, со што заврши неговиот 16-месечен престој во клубот (дојде во октомври 2017 година, откако претходно работеше во Саутемптон). Поразот од Кристал Палас од 1-4 кој се случи вчера, беше последниот меч за Пуел на клупата на „лисиците“.

Лестер има пет порази на последните шест меча, се наоѓа на 12 место на табелата, и овие бројки беа доволен показател за раководството дека треба нешто да менува.

Наредниот меч на Лестер е веќе во вторник против Брајтон, а екипата ќе ја водат досегашните помошници Мајк Стоуел и Адам Садлер. Името на новиот тренер ќе се знае веројатно до крајот на наредната недела. Се шпекулира дека фаворит за преземање на функцијата е Брендан Роџерс, но тој тешко дека среде сезона ќе сака да го напушти Селтик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести