Лестер ќе игра без еден од клучните играчи, и тоа поради банална причина

Лестер вечерва игра на гости кај Легија во Варшава, во еден од поинтересните мечеви од второто коло од Лигата на Европа. Англискиот тим во Полска отпатува без еден од најдобрите играчи, Келечи Ихеаначо.

Напаѓачот на Лестер не доби дозвола за влез во Полска откако работниците на пасошката контрола забележале дека пасошот на фудбалерот е истечен и не е важечки. Младиот нигериски фудбалер немал друг избор освен да се врати назад, а Лестер ќе игра без играчот кој даде два гола во седум меча сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести