Лестер остана на само една победа во првите 10 кола во Премиер лигата

Во првиот натпревар денеска од десеттото коло од Премиер лигата, фудбалерите на Лестер и Кристал Палас одиграа без голови.

Апсолутно ништо не му оди на Лестер оваа сезона, бележат слаби резултати, а денеска „лисиците“ пропуштија добра шанса да ја забележат втората победа во Премиер лигата. Домашните фудбалери напаѓаа во поголемиот дел од натпреварот, но Кристал Палас успеа да го „одбрани“ бодот.

Лестер сега има само пет бода и се наоѓа на претпоследното 19. место на табелата, исто толку бодови, но и натпревар помалку има „фенерџијата“ Нотингем Форест.

Кристал Палас е на 13. позиција со десет бодови.

- Оглас -

Најнови вести