Екипата на Лестер со победата од 2:1 над Брентфорд потсети на шампионската сезона, кога неочекувано ја освоија титулата во Премиер лигата.
Јасно е дека овој тим тешко дека ќе го повтори ваквиот подвиг во блиско време, но денеска ги наврати своите фанови со играта, но и двата прекрасни погодоци на тој период.
Првиот беше дело на Тимоти Кастањ во 20-та минута, кога со одличен удар ги погоди левиот голмански агол на гостите.
Вториот, пак, дојде од слободен удар откако Џејмс Медисон во 33-та минута погоди ид слична позиција. Конечниот резултат беше дело на Јоан Виса во 86-та минута.
Со оваа победа, Лестер по 30 одиграни средби во Премиер лигата има 36 бода и е на десеттото место.