Лестер влегува во победнички ритам, голчиште на Тилеманс (Видео)

Фудбалерите на Лестер славеа на гостувањето кај Евертон со 2:0 во рамки на 14-то коло од Премиер лигата.

Мечот го одбележа белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс кој во 45-та минута постигна гол кој најверојатно ќе биде кандидат за наградата Ференш Пушкаш за најубав гол на годината.

 

Тилеманс доби топка од Медисон и имаше да си ја намести и со прекрасен удар од 17-тина метри постигна прекрасен гол во 45-та минута, а конечниот резултат го постави Барнс во 86-та по втората асистенција на Медисон.

Ова беше трета победа за Лестер во последните четири натпревари, што е потврда дека тимот на Брендан Роџерс влегува во форма и сега се наоѓа на 13-та позиција на табелата со 14 бода, исто колку што има и Евертон.

- Оглас -

Најнови вести