Манчестер јунајтед знае како се ловат лисици

Двете екипи од Манчестер се фаворити за победа против Лестер, односно Арсенал, а денеска во фокусот се и дуелите меѓу Рома и Милан во Серија А, дербито на Лисабон и новата пресметка меѓу Спортинг и Бенфика и дуелот во француското првенство на кој Лион ќе се обиде прв да го порази ПСЖ на домашната сцена.

 

Лестер – Манчестер јунајтед (15.05 часот)

Популарните „лисици“ тешко излегуваат на крај со најтрофејната екипа во Англија и немаат победа против Манчестер јунајтед од септември 2014 година. Тој меч беше спектакуларен и го доби Лестер со 5:3, а потоа се наредија 9 меча со доминација на „црвените ѓаволи“. Токму и девет натпревари без пораз е актуелната серија на Јунајтед.

Оле Гунар Солскјер се уште е непоразен, избегна фијаско против Барнли во минатото коло, но сега има и големи проблеми, ако не играат Марсијал и особено Погба. Француските репрезентативци се под знак прашалник за настап на „Кинг Пауер“, а тоа драстично ги намалува шансите за нова победа на Манчестер јунајтед.

Предлог тип: Х2&2>1 (2.85)

 

Манчестер сити – Арсенал (17.30 часот)

На Манчестер сити одлично му оди во дуелите со Арсенал во последно време. Ги добија последните четири меча и примија само еден гол од една од најефикасните екипи во Англија.

Арсенал има многу проблеми во одбраната, а некако изостанува и креативноста во средниот ред кога не играат Рамзи и Озил. Сити е се уште во трка за титулата, ќе сака да го поправи големиот кикс од минатото коло против Њукасл, кога дозволија пресврт и пораз, кој ги одалечи од походот кон одбрана на пехарот во англиското првенство.

Двете екипи немаат простор за калкулации, па се очекува ефикасен меч, во кој домаќинот е фаворит.

Предлог тип: 1Х&ГГ (1.90) Квота на денот

 

Спортинг – Бенфика (18.30 часот)

Во фокусот во Европа и особено во Португалија е новото дерби на Лисабон меѓу Спортинг и Бенфика. Едновековната традиција на овие дуели е со посебен шарм, особено за темпераментните Португалци.

Ривалитетот се разгоре веднаш на првиот дуел во 1907 година, кога имаше неочекуван трансфер непосредно пред почетокот на мечот. Дури 8 фудбалери на Бенфика преминале во редовите на големиот ривал Спортинг, што за малку не довело до инциденти на улиците на Лисабон.

Спортинг може да се пофали со победнички старт, бидејќи славеше на тој меч со 2:1, но има помалку триумфи во меѓусебните дуели со Бенфика. На вкупно 303 меѓусебни натпревари во сите конкуренции Бенфика има 130 победи, наспроти 108 на „зелено-белите“. Нерешено завршиле 65 меча.

Вечерва на „Жозе Алвеладе“ нема да игра македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој има црвен картон од претходното коло. Матје, Монтеро, Баталја и Тијаго Љори се надвор од строј кај Спортинг, а Фејса и Жонас ќе недостасуваат кај гостите. Иако во меѓусебните дуели имаат најмалку нерешени дуели, последните четири им се „нули“, па реми е некако и најочекуван исход и денеска.

Предлог тип: Х (3.20)

 

Рома – Милан (20.30 часот)

Двата гола на големото засилување Кшиштоф Пјонтек против Наполи се вистинска инспирација за играчите на Милан. Рома е во сосема спротивна ситуација, а кризата кулминираше со бродоломот во Фиренца и неверојатниот пораз од Фиорентина од 1:7.

Во Италија, особено во големите клубови како Рома тешко се поднесуваат вакви порази, па очигледно е дека владее хаос во клубот.

Еузебио ди Франческо одби да поднесе оставка, симпатизерите на Рома се заканија со „ќотек“ за фудбалерите, што дополнително ја подгреа и онака лошата клима во клубот.

Проблемите мора да се заборават, бидејќи нов пораз на Рома ќе ги загрози и амбициите за настап во Лигата на шампионите. И двете екипи се тука некаде со бодовите, вечерва ќе мораат да одат на победа, иако имаат и кадровски проблеми.

Кај Рома ќе недостасуваат Ундер, Н`Зонзи, Миранте, Пероти, Жезус и Кристанте, а и Милан има проблеми од слична природа. Нема да играат Билја, Калдара, Бонавентура и веројатно и Запата.

Првиот меч во Милано го добија домаќините со 2:1 во драматичен финиш, со голот на Кутроне во 95. минута.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.25) Квота на денот

 

Лион – ПСЖ (21 часот)

Отсуството на Нејмар и на Верати е голем хендикеп за лидерот Пари Сен Жермен на тешкото гостување кај Лион. Не играат ниту Рабио и Ласана Дијара, па се очекува празнината во средниот ред да ја пополни новото засилување Леандро Паредес.

ПСЖ има квалитетен и широк ростер и одлична традиција против Лион во последните пет години. Популарните „светци“ само двапати се поразени на последните 14 меѓусебни дуели со Лион и двата порази им се со резултат 1:2.

Лион бие битка да се задржи на третата позиција која носи квалификации за настап во Лигата на шампионите и ќе се обиде да биде првата екипа во Франција што го поразила ПСЖ сезонава. Лидерот има само две ремија и 18 победи на 20 одиграни натпревари, титулата е речиси освоена, па мотивот е на страната на домаќините.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85) Квота на денот

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести